ЖКК Струга 2009 се засили со Destiny Thompson, во клубот се вратија и Џутеска и Шеќероска

- Локални, Спорт
531

Destiny Thompson е новата кошаркарка на ЖКК Струга 2009. Таа доаѓа од САД, има 24 години, висока е 180 см и ги покрива крилните позиции. Во Америка настапуваше во NCAA2 за екипата на  Georgian Court, а минатата сезона играше за екипата на Спартак од Суботтица во прва српска лига.

Во екипата на ЖКК Струга 2009, после неколку години пауза се враќа и Мартина Џутеска.

,,Многу е убаво чувството повторно да се биде на терен. После неколку години пауза, ќе ми треба малку време да се адаптирам, но, се надевам дека со моето искуство можам многу да придонесам пред се во разигрувањето на помладите кошаркарки, а секако и во самата игра. ,,-вели Џутеска за Strugaonline.

Таа е пораншена младинска репрезентативка која освен во Струга настапуваше и за Вигор од Скопје и Клубски од Делчево.

Нов потпис за ЖКК Струга 2009 стави и нивната поранешна кошаркарка  Анамарија Шеќероска. После две сезони поминати во ЖКК Баскет и Кам, таа се врати дома.

,,Многу ми е драго што успеавме да ја вратиме Шеќероска, таа е исклучителен играч и човек. Со неа добиваме многу на искуство, квалитет и тимска атмосфера. “ – изјави тренерот Ѓоровиќ.

Задоволство за своето враќање во ЖКК Струга 2009 изрази и Шеќероска.

,,Драго ми е што после две години се враќам во матичниот клуб, формиравме респектабилен тим, добро тренираме и се надевам дека со мојот ангажман и искуство ќе постигнеме добри резултати.-изјави Анамарија.
Strugaonline

 

Facebook Коментари