ЖКК Струга 2009 славеше над Работнички на гостински терен

- Локални, Спорт
627

Во рамки на првото коло во А лига во женска конкуренција,  екипата ЖКК Струга 2009 славеше  над Работнички со резултат 49:78 , по четвртини ( 16:14;19:27;07:22;07:15 ).

,,После лошиот почеток на натпреварот, направивме пресврт, а потоа и убедлива победа на тежок гостински терен. Би сакал да ги пофалам своите кошаркарки на одличната тимска игра, посебно во одбрана. Следниот меч го играме дома против ЖКК МЗТ каде сакаме да продолжиме во ист ритам и да оствариме нова победа.,,-изјави за Strugaonline тренерот Владимир Ѓоровиќ.

Стрелци во нашата екипа беа: Томпсон со 28 поени, Устијанова 19 поени, Стојановска 17 поени. Шеќероска постигна 6 поени, Џутеска 4 поени, Зендели 3, а Белеска 1.

Во редовите на Работнички најефикасна беше Муса со 32 поени.

Strugaonline

Facebook Коментари