ЖКК Струга 2009 загуби од селекцијата на Вардар

- Локални, Спорт
593

Во рамките на единаесеттото коло од првата лига во женска конкуренција екипатана ЖКК Струга 2009 загуби од селекцијата на Вардар со резултат 77-51. По четвртини резултатите беа ( 25:12; 19:15; 17:02 ; 16:22). Во нашиот тим Модева постигна 16 поени, Стојановска 14, а Зендели постигна 6 поени. Кај домаќините најдобри беа Накова со 16 поени и Деловска со 15 поени.

„Немам што да замерам на моите девојки, не можевме да одговориме на искуството на актуелниот шампион на Македонија. Се’ уште не сме доволно силни и искусни до тоа ниво. После зимската пауза, се’ уште не сме вратени во вистинската форма.- изјави селекторот Ѓоровиќ за Strugaonline.

Toj  изрази надеж дека во текот на сезоната екипата ќе се поправи и ќе продолжи да созрева.

Strugaonline

 

Facebook Коментари