ЖРК Стружанка извојува уште една победа на гостински терен против РК Велкова 5

- Локални, Спорт
893

Вчера во 13 часот во салата Ѓорче Петров во Скопје пред околу 50 љубители на ракометот, во рамките на 6-то коло во пионерската лига, ЖРК СТРУЖАНКА на гостински терен ја совлада екипата од Скопје РК ВЕЛКОВА 5 со 23:17.

РК ВЕЛКОВА 5 – ЖРК СТРУЖАНКА 17:23 (7:9)

Спортска сала: „Ѓорче Петров“ во Скопје. Гледачи: 50. Судии: Василевски Ѓорѓи и Папуџиева Марија. Делегат: Мирчевски Лери.

РК ВЕЛКОВА 5: Велкова Ива 7, Грујовска Сара 5, Крстевска Елена 2, Трпеска Анастасија 1, Величковска Анастасија 1, Самарџиоска Теа 1.

ЖРК СТРУЖАНКА: Голабоска Марија 7, Затуроска Бојана 6, Дукоска Теодора 5, Переска Тијана 2, Калајџиеска Сара 2,  Ѓоршулоска Робертина 1.

Извор и фото: StrugaOnline

Facebook Коментари