ЖРК Стружанка ја совлада екипата на ЖРК Вардар во последното коло

- Локални, Спорт
952

Сениорките на ЖРК Стружанка во последното коло од елитното есенско натпреварување  ја совладаа екипата на ЖРК Вардар. Почетокот од натпреварот беше во знакот на гостите, но таа ситуација не траеше долго, бидејќи Стружанки веднаш после не толку убедливиот старт, покажаа зрела и организирана игра. Првото полувреме беше неизвесно и возбудливо и се играше гол за гол. На одмор отидовме со +1 (21:20).

Вторите 30 минути поминаа во знакот на голманките од двете страни кои имаа голем број одбрани, но имаше и голови кои на нашите ракометарки им донесоа победа со резултат 30:29. Ова е одличен резултат ако се земе во предвид дека ЖРК Стружанка во својот сениорски тим моментално има неколку повредени ракометарки.

Стрелци на натпреварот во нашиот тим беа: Теодора Маркоска со 8 погодоци, Магдалена Делиоска постигна 6, а Марија Петреска и Ивана Затуроска постигнаа по 5 голови. Мрежата на противникот четири пати ја затресе Стефанија Дурацоска, а по еднаш погодија и Марина Митоска како и Суела Јусуфи.

После овој натпревар, ЖРК Стружанка и ЖРК Вардар се израмнија, односно на табелата го делат третото, односно четвртото место (со по 28 освоени поени).

Извор и фото: Strugaonline

Facebook Коментари