ЖРК Стружанка со нова убедлива победа во пионерската лига – славеа во Битола

- Локални, Спорт
727

Пионерките на ЖРК Стружанка со супериорна победа среде Битола за максимален учинок во досегашното натпреварување во пионерската женска ракометна лига во Република Македонија против тимот на ЖРК Винда од Битола со резултат од 12:24.

Пионерките убедливо на гостински терен славеа, иако домаќинките во првотото полувреме се држеа резултатски и не дозволија уште рано да се одалепи ЖРК Стружанка за да во првиот дел имаат исход од 9:10.

Но расположените стружанки во вториот дел тргнаа супериорно и на противникот му нанесоа пораз од високи 12:24.

Наредниот викенд ЖРК Стружанка гостува на екипата на ЖРК Велкова 5  каде што на домашен терен во Струга славеше со резултат од 19:13.

Стрелци за ЖРК Стружанка на овој натпревар беа:

  1. Дукоска Теодора 11 погодоци
  2. Голабоска Марија 4 погодоци
  3. Калајџиеска Сара 4 погодоци
  4. Затуроска Бојана 3 погодоци
  5. Кузманоска Павлина 1 погодок
  6. Ѓоршулеска Роберта 1 погодок

Извор и фото: zrkstruzanka.mk

Strugaonline

Facebook Коментари