46 загинати: Македонски автобус се запали во Бугарија

- Македонија, Хроника
443

Најмалку 46 лица загинаа  кога  во раните утрински часови автобус со македонски регистерски таблички се запали на автопат во западна Бугарија, соопштија властите во Софија, a пренесеDW

Шефот на одделот за безбедност на бугарското МВР, Николај Николов за националната телевизија изјави дека седум лица со изгореници се префрлени со брза помош во болницата Пирогов во Софија. Најмладиот пациент има 15 години. Николај Николов најнапред соопшти дека во несреќата загинале 45 луѓе, но бугарското министерството за внатрешни работи подоцна прецизираше дека загинале 46 лица и дека во автобусот имало 53 патници, јави DW.

Најголем дел од жртвите се од Македонија, соопшти претставник на Амбасадата на Македонија во Софија.

Македонската новинска агенција МИА јави дека меѓу загинатите има и 12 малолетници, од кои двајца браќа близнаци.

Автобусот со македонски регистерски таблички се запалил во текот на ноќта на автопатот „Струма“

Автобусот синоќа околу 9 часот ја преминал границата на преминот Капетан Андреево.

Бугарските медиуми јавуваат дека несреќата се случила синоќа околу 3 часот на автопатот Софија-Благоевград, кај местото Бошнек, на 31 километар од Софија.

Бугарскиот претседател Румен Радев и привремениот премиер Стефан Јанев телефонски разговарале со македонскиот премиер Зоран Заев, кој веднаш заедно со министерот за здравство Венко Филипче и со шефот на дипломатијата Бујар Османи заминаа за Бугарија.

Причините за запалувањето на македонскиот автобус засега не се познати, но во тек е истрага изјави за новинарите бугарскиот премиер Стефан Јанев од местото на несреќата.

На овој дел од автопатот во 1996 година се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа 16 лица.

Извор и фото: DW

Facebook Коментари