Автобуската несреќа ја зеде и 15-та жртва

- Македонија, Хроника
625

На Клиниката за реанимација и интензивно лекување во Клиничкиот центар во Скопје почина уште едно лице од повредените во трагичната сообраќајна несреќа што се случи на 13 февруари на автопатот Скопје – Тетово кај селото Ласкарци.

Во критична состојба се наоѓаат уште пет пациенти.

Уште триесетина повредени и понатаму се лекуваат во болничките центри во земјата, а некои од нив се пуштени на домашно лекување.

Извор и фото: Сител тв

Facebook Коментари