Утрово, во 7.35 часот, на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица во Маврови Анови, извести ЦУК.
Секторот за операции и координација од ЦУК веднаш ги извести Националниот парк Маврово и МВР. Ренџерски тим од НП Маврово веднаш се упатил кон заглавеното мече, а истовремено со нив пристигнала и патрола на МВР од ПО Маврово заради обезбедување на местото на настанот.
Неколку бездомни кучиња агресивно лаеле по исплашеното мече, кое, најверојатно, од страв се качило на дрвото и се скрило во гранките.
Кога ренџерите ги избркале кучињата, мечето само се симнало од дрвото и отрчало кон блиската шума.
Facebook Коментари