Денеска е светски ден на здравјето, Филипче- Оваа година е година на вакцинација

- Здравје, Македонија
551

Денеска е светски ден на здравјето, ден кој се одбележува на 7 април секоја година, под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО).

Во 1948 г. СЗО го одржала своето прво Здравствено собрание, на кое е решено 7 април секоја година да се одбележува како ден на здравјето, почнувајќи од 1950 г. Овој ден е датумот кога е основана СЗО и таа пригода се смета за прилика да се привлече меѓународно внимание на здравствените проблеми со кои се соочува светот. Светската здравствена организација приредува меѓународни, регионални и месни натани со извесна тематика која е важна за таа година.

По повод овој ден, на јавноста денеска и се обрати министерот Венко Филипче

Тој истакна дека светот една година се бори со коронавирусот, и дека оваа година ќе биде година на вакцинација.

„Денес е 7 април, светскиот ден на здравјето. Минатата година на истиот овој ден бевме на почеток на пандемијата и сите се надевавме дека таа брзо ќе заврши. Една година подоцна, светот се уште се бори со коронавирусот, со нови соеви и нови предизвици кои ги носи оваа голема здравствена криза. Но оваа година е година на вакцинацијата. Година за која се надеваме дека ќе биде последна во која живееме со мерки, рестрикции и ограничувања. Вакцинацијата е единствениот начин да го победиме вирусот, но за жал таа не се одвива со посакуваното темпо никаде во светот. Побарувачката на вакцини е огромна, а капацитетите за производство ограничени. Ние правиме се за да ги зголемиме количините на вакцини во нашата земја. Моја најголема заложба и желба е вакцинацијата да ја завршиме што побрзо. Затоа, се што е во наша надлежност го направивме исклучително брзо и професионално, а подоготвка за вакцинација ја спроведовме навремено и ефикасно. Денес имаме добро поставен и ефективен механизам за вакцинирање кој започна да се спроведува. Искрено верувам дека малата достапност на вакцини во светот наскоро ќе биде минато, а потоа, деноноќно ќе работиме за што пократко време да вакцнираме што поголем број на граѓани. Барам трпение, разбирање и почитување на мерките додека да се надмине овој период“, рече Филипче.

Strugaonline

Facebook Коментари