Денеска од Италија доаѓаат 180 патници, ќе бидат во карантин во Струга

- Локални, Македонија
1335

Денеска во 14:00 часот на скопскиот аеродром со организиран лет од Венеција, Република Италија, ќе пристигнат 180 патници.

-Како и досега, така и за овие наши граѓани е организиран превоз според сите пропишани стандарди и тие ќе поминат 21 ден државен карантин во хотел „Дрим“ во Струга, согласно одлуката од 40-та седница на Владата на Република Северна Македонија, која се однесува на прифаќањето на патниците што доаѓаат од високо ризична земја според листата на Светската здравствена организација.-информираат од Владата на РСМ

Секој македонски граѓанин, кој се враќа во нашата земја со превозот организиран од Владата, има обврска самостојно да го плати авионскиот лет и за веќе утврдената процедура запознаени се сите патници.

Сместувањето во државен карантин е во строго контролирани и безбедни услови, без никаков финансиски надомест.

Како и досега, нашите државјани кои ќе допатуваат од Италија, Венеција, од аеродром до локацијата за државен карантин ќе бидат превезени со безбеден и строго контролиран автобуски превоз.

Од Владата информираат дека свтобусите се со дезинфицирана внатрешност од страна на сертифицирана компанија, обезбедени со полициска придружба, а возачите се со целосна заштитна опрема и скафандери. За граѓаните има обезбедено закуска и вода.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари