Единаесет години без нашиот Тоше Проески

- Македонија
1023

Денеска се навршуваат 11 години од трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загуби нашата музика икона Тоше Проески.

16-ти октомври секогаш ќе биде тажен ден, иако Тоше ни даде многу причини за насмевка. Неговите балади остануваат наши молитви, неговите хумани дела се патоказ за тоа како треба да живееме. Во спомен ни остануваат многуте концерти, насмевки, рефрени, солзи радосници и ежење од преполни концертни сали и вонсериска енергија која бевме благословени да ја почувствуваме. Со музика и хуманост скромното момче од Крушево го победи времето затоа што и после единаесет  години е се уште присутен во нашите срца.

Секој индивидуално наоѓа начин да го чува Тоше во своето срце, а на дело тоа го покажуваат  и маратонците од повеќе градови од Македонија кои како и изминативе десет години , и годинава  во чест на Тоше трчаат маратон од  Нова Градишка до Крушево. Тие денеска напладне треба да стигнат во Крушево на неговото вечно почивалиште.

Тоше беше на чекор до светска кариера, која не се оствари поради трагичната несреќа, но неговите дела и понатаму ќе ги радуваат армијата фанови.

Оваа година, на 5-ти октомври не се одржа манифестацијата „Ѕвездено небо за Тоше“ која фановите на Тоше во изминатите десет години ја организираа на плоштадот „Македонија“ во спомен на неговиот последен и хуманитарен концерт што го одржа на 5-ти октомври 2007 на Градскиот стадион. „Ѕвезденото небо“ не се одржа зашто се подготвува голем концерт посветен на Тоше на втори номеври, со настап на пејачи од Балканот. На концертот треба да биде промовиран и албум со необјавени песни од Тоше Проески, насловен „Secret place”.

Strugaonline

 

Facebook Коментари