ЕП 2020-Македонија славеше против Украина, Митрески и Лазаров херои на натпреварот

- Македонија, Спорт
487

Македонија ги освои првите бодови на ЕП 2020 совладувајќи ја селекцијата на Украина со резултат 26:25. Овој возбудлив меч ќе биде запаметен по брилијантните одбрани на голманот Никола Митрески кога беше најпотребно и голот за победа на капитенот Лазаров со звукот на сирената. Во првиот дел од наптреварот Македонија беше во постојана предност. Украинците во неколку наврати успеаа да ја стопат нашата предност , а на одмор нашите ракометари отидо со плус 3 (13:10) Во вториот дел Македонија ја зголемуваше својата предност се до моментот кога Украина имаше своја серија па во 46та минута беше 21;20. Во 49-та минута, кога Украина израмни на  22:22 се’ почна од почеток. Никола Митрески оправдано стана sвезда на натпреварот со низа одбрани на кои му аплаудираше и публиката на противниците.

На осум секунди резултатот беше изедначен, а во последниот напад со звукот на сирената капитенот Лазаров погоди за победа.

МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА        26:25 (13:10)

МАКЕДОНИЈА: Митревски (14 одб.,1  сед.), Ристовски, Манасков 6/9, Велковски, Стоилов 4/4, Лазаров 8/15, Талески 3/7, Маркоски, Кузмановски 1/2, Танкоски 1/1, Георгиевски 2/4, Крстевски, Поповски, Пешевски 1/3, Маџовски, Мишевски.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 6 мин.

УКРАИНА: Комок (11 одб.,1  сед.), Тереков, Буиненко, Акименко 4/5, Шевелев, Денисов 2/2, Дорошчук, Тилте 1/3, Хориха 1/5, Козакевич 2/3, Жук 3/4, Чичикало, Гурковски 3/3, Жуков 4/9, Остроушко 5/10, Илченко.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 14 мин.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари