ФФМ со изненадување му се заблагодари на коментаторот Тони Стојановски за легендарниот говор при пласирањето на Македонија на ЕП во фудбал

Фудбалската федерација на Македонија подготви пријатно изненадување за спортскиот коментатор Тони Стојановски кој имаше легендарен говор на преносот во живо кога Македонија  за прв пат во својата историја се пласираше на Европското првенство во фудбал.

Зборовите кои со многу емоции ги кажа Тони Стојановски, сега се испишани во просториите на ФФМ , а претседателот  Муамед Сејдини го повика и пречека коментаторот  Тони  за да му го покаже записот кој во просториите на фудбалската федерација на Македонија секогаш ќе стои и ќе потсетува на тој клучен натпревар и зборовите кажани од душа.

“Кога нè оспоруваат: и име.. и презиме.. и нација.. и ген… eве нè во Европа! Меѓу сите тие што ги описменивме. Ќе нè дочекаат наредниот јуни, ќе ја поздрават нашата репрезентација. Ќе стојат мирно на нашата химна! Ова е порака од сите: православни христијани, Македонци, Албанци, Турци што играат за оваа репрезентација: Дека нашата држава треба да ја чуваат тие што ja водат – и едните, и другите, и третите и четвртите! Ова е голема победа за Македонија! Ова е победа за радост на душата. Да цитирам зборови од нашата поезија: Сега душата се радува. Оваа Македонија ќе живее! Ќе живее уште!-истакна коментаторот на директниот пренос.

Видеото од изненадувањето можете да го погледнете на следниов ЛИНК 

Strugaonline

Facebook Коментари