Кај патник во автобус што сообраќал на редовна линија Струга – Салцбург пронајдена марихуана и амфетамин

- Македонија, Хроника
463

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија еден обид за криумчарење дрога и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  електрични алати, електрични велосипеди, автоделови, обувки, облека, опрема за скијање, цигари, патенти, конец за шиење и фалсификати.

Царинските службеници од граничниот премин Табановце автопат спречија обид за криумчарење марихуана и амфетамин. На ден 13.02.2019 година, околу 23 часот, за излез од државата се пријавил македонски автобус што сообраќал на редовна линија Струга – Салцбург, управуван од македонски државјанин. Царинските службеници селектирале за детална царинска контрола македонски државјанин кој патувал со автобусот, и додека го спроведувале до просторијата за преглед, забележале дека фрлил две кесички со непозната растителна материја. При извршениот личен претрес, во долната облека на патникот била пронајдена уште една кесичка со непозната растителна материја, а во џеб од неговата јакна била пронајдена фолија од цигари со непозната бела прешкаста материја. Покрај тоа на подот, покрај неговите нозе била пронајдена уште една кесичка со непозната бела прашкаста материја. По извршеното вештачење на пронајдените материи од страна на Министерството за внатрешни работи, било утврдено дека растителната материја претставува марихуана со вкупна маса од околу 51 грам, а прашкастите материи претставуваат диазепам со маса од 14 грама и амфетамин со маса од 0,25 грама.

Царинската управа против патникот поднесе кривична пријава заради сомневање дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Извор и фото: Царинска управа

Strugaonline

Facebook Коментари