Македонија го освои третото место на Еуробаскетот дивизија Б во Сараево

- Македонија, Спорт
713

Кошаркарската U16 репрезентација на Македонија го освои третото место на Еуробаскетот дивизија Б кој се одржа во Сараево и се избори за пласман во А дивизија.

Нашите кошаркари во мечот за трето место ја совладаа екипата на Чешка со резултат 84:66. Најдобар во нашите редови беше Марко Милановиќ со 23 постигнати поени, а во репрезентацијата на Чешка 22 поени постигна Лукас Хребик.

После победата на големо се славеше во двораната „Сабит Хаџич“ каде сите извикуваа „Македонија, „Македонија“!

Strugaonline

Facebook Коментари