Mицкоски: Таканаречениот договор е прифаќање на сите грчки позиции

- Македонија
818
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го откажа патувањето и закажаните средби за утре и побара од премиерот Зоран Заев веднаш да му го достави договорот со Грција за решавање на спорот за името. На прес-конференцијата во седиштето на партијата Мицкоски кажа дека, како што кажа, „таканаречен договор е прифаќање на сите грчки позиции”. Ако постигнатиот таканаречен договор на Зоран Заев е прифаќање на промена на Уставот, и внатрешна и надворешна употреба на новото име, тогаш тоа е договор на Зоран Ззаев за капитулација, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Извор: МИА
фото: архива

Facebook Коментари