МТСП: Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата работи на расветлување на случајот со 11 месечното дете

- Македонија
766

Министерството за труд и социјална политика ja информира јавноста дека  е запознато со случајот за каснатото 11 месечно дете и е во постојан контакт со градинката.

 

„Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата е веќе на терен и работи на расветлување на случајот, односно за тоа како настанала повредата на детето и ако постои сомнеж согласно со Закон ќе се поведе постапка за утврдување на дисциплински престап.“ -стои во соопштението од МТСП

Од министерството исто така додаваат дека поради намалениот број на деца во јавните установи за деца детски градинки во летниот период долгогодишна пракса е децата од различни занимални следствено на возраста да се згрижуваат во помал број на занимални, но тоа не значи и зголемен број на деца во занималните.

Oва соопштение на МТСП доаѓа откако единаесетмесечно бебе, искасано и со повреда на главата, вчера по престојот во скопска градинка им било предадено на родителите. Овие фотографии на Facebook ги објави мајката на малото девојче.

– Ме дочека воспитувачката со ќерка ми в раце велејќи ми дека сѐ поминало во најдобар ред дента, освен тоа што не сакала да спие. Додаде дека на грпчето се нафрлала од нешто, веројатно инсект ја полазил. Веднаш ја погледнав и видов очигледен загриз во пределот на грбот, па ѝ укажав дека несомнено е изгризана од друго дете. Ја прашав дали плачела дента, ми рече „не“. Исто така, ми кажа дека моментално се повеќе групи споени во една, поради летните одмори, и дека малку биле во хаос, па не знае што се случило, ќе ја прашала колешката – напиша мајката на „Фејсбук“.

Strugaonline

 

Facebook Коментари