Почина познатиот актер Салаетин Билал

- Македонија, Хроника
1191

По долго боледување, во 76-та година од животот, вчера почина познатиот македонски актер Салаетин Билал,  кој сосема заслужено го носи епитетот- доајен на НУ Турски театар.

Билал од 1964 година работел во Турската драма при Театарот на народностите – сегашниот НУ Турски театар Скопје, каде со голема посветеност одиграл голем број улоги сè до пензионирањето во 2007 година, иако и потоа бил ангажиран во проектите во продукција на Турскиот театар. Билал во текот на својата кариера има одиграно значајни улоги и во Македонскиот народен театар и во Драмскиот театар како и во Албанскиот театар.

Освен неговиот огромен успех на „штиците што живот значат“,  Билал има реализирано четириесет телевизиски и филмски улоги кои ја одбележуваат неговата плодна кариера.

Салаетин Билал играше во филмовите: „Најдолгиот пат“ (1976), „Време води“ (1980), „Ангели на отпад“ (1995), „Џипси меџик“ (1997), „Зад непријателските линии“, „Прашина“ (2001), преку „Илузија“ (2004), „Сенки“ (2007), „Мајки“ (2010), па се до последните филмови на македонската филмска продукција „Трето полувреме“ (2012), „Балканот не е мртов“ (2013), „Херој“ (2013) и „До балчак“ (2014).

Добитник е на голем број награди и признанија

фото: Facebook/Салаетин Билал

Facebook Коментари