Притвор од 30 дена за четворица од напаѓачите на Зијадин Села

- Македонија
215

30 дена притвор добија четири лица за кои јавното обвинителство вчера бараше да се приведат за постапката на настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април и нападот врз Зијадин Села.​

Денеска од ОЈО Скопје соопштија дека е определена мерка притвор во траење од 30 дена за четири лица кои се под истрага за сторено кривично дело Убиство во обид сторено во соизвршителство.

Во однос на петтото лице, дополнително ќе се носи одлука за притвор бидејќи истото е со нарушено здравје .

Извор: faktor.mk

фото: архива

Facebook Коментари