Раул Гонзалез веќе не е селектор на Македонија

- Македонија, Спорт
666

 

Ракометната Федерација на Македонија преку соопштение ја извести  јавноста дека македонската куќа на ракометот и селекторот на машката сениорска машка репрезентација, г. Раул Гонзалез, взаемно се спогодија да ја прекинат соработката.

 „Земајќи ја предвид потребата машката А-селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збуднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката.

  Би сакале да му се заблагодариме на Ел команданте за досегашното работењe со нашиот А-тим и му посакуваме се најдобро: многу успеси и многу титули во иднина. Иако ќе ни недостасува неговата смиреност и тактичност на клупата, продолжуваме секој со своите предизвици кон нови победи.“ – велат од РФМ

Strugaonline

 

Facebook Коментари