Собранието го ратификуваше договорот за името

- Македонија
796

Собранието на Република Македонија денеска го усвои законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство. Договорот за решавање на 27-годишниот спор за името со Грција беше ратификуван со 69 гласови „за“, без против и воздржани. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата.

Извор: МИА

Strugaonlime

Facebook Коментари