Време: Денеска сончево и студено, од утре врнежи од снег

- Македонија
540

 

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и студено. Утринската температура ќе се движи во интервал од -10 до 1 степен, а максималната дневна од -3 до 9 степени. Утре попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи претежно од снег, и на места ќе се формира нова снежна покривка. Дневната температура ќе се движи во интервал од -1 до 6 степени.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари