Време: Сончево со умерена облачност, кон крајот на денот слаб дожд

- Македонија
546

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, наутро со услови за слаба магла по котлините. Повеќе облачност ќе има во западните и јужните делови. Кон крајот на денот се можни слаби  локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Дневните температури ќе се движат во интервал од 5 до 21 степен. Утре ќе преовладува променливо облачно време, во јужните делови со слаб локален дожд и со дневна температура во интервал од 15 до 19 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари