Време: Умерено облачно, свежо и ветровито

- Македонија
625

Денеска во Македонија ќе преовладува умерено облачно и студено време со умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од  6 до 16 степени.  Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и свежо време со услови за локален дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 7 до 13 степени.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари