Заев и Ципрас кандидати за Нобеловата награда за мир

- Македонија
778

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас се меѓу фаворитите за Нобеловата награда за мир.

Ова за грчката агенција АНА-МПА го изјави Виктор Нумелин, спрецијален уредник за Нобеловите награди на шведската новинска агенција ТТ.

– Тешко е да се каже кој е кандидат, а кој не е. Јавна тајна е дека имињата им се споменуваат за наградата. Секоја година се прават многу предлози и дискусии за наградата… Оваа година зборуваме многу за Корејскиот полуостров, за миграцијата, за ситуацијата меѓу Македонија и Грција и нивните меѓусебни преговори – изјавил шведскиот новинар.

Тој нагласува дека многумина од членовите на Комисијата ќе сметаат дека „е идеално наградата за мир да биде дадена на премиерите на двете држави“.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

извор: Плус инфо

фото: архива

Facebook Коментари