Започна „Krusevo Workshop 2017“ – млади надежни музичари свират гитара со Дамјна Пејчиноски во чест на Тоше Проески

- Македонија
1162

Денеска во Спомен куќата „Тодор Проески“ во Крушево започнаа музичките работилници по гитара кои се одржуваат во склоп на проектот „Krusevo workshop“. Организаторите пренесуваат дека на работилницата има 30-тина млади и надежни гитаристи кои имаат несекојдневна можност да учат од виртуозот по гитара Дамјан Пејчиноски.

Идејата и целта на “Krusevo Workshop” е  Крушево а особено Спомен куќата на Тоше Проески, да прерасне во регионален културен центар за едукација во областа на уметноста.
Овој проект започна во 2015 година кога  под мотото „70 гитари за Тоше“ најдобриот гитарист во Македонија и надвор од нашите граници Влатко Стефаноски ја одржа првата работилница. Следната 2016-та година  работилницата за хармоника одржа  Благоја Алачки која заврши со заеднички концерт на Елена Рисетвска и учецниците. Годинешната работилница со гитаристот Дамјан Пејчиноски ќе трае до 22 јуни.
Во годините што следуваат слични работилници ќе водат признаени и реномирани уметници од Македонија и светот. Работилниците се наменети за сите млади луѓе од регионот кои во Спомен куќата на Тоше Проески, ќе имаат ретка прилика и шанса да се запознаат, да научат или доусовршат од докажани “мајстори на својот занает“ во различни области на уметноста.

 

Извор: Krushevo Workshop\Strugaonline

Фото: Krushevo Workshop

Facebook Коментари