Започнуваат чекорите за импелемнтација на договорот за името

- Македонија
671

По вчерашното потпишување на Договорот меѓу Македонија и Грција за ставање крај на 27-годишниот спор за името, од денеска почнуваат чекорите за негова импелемнтација. Македонската Влада се очекува денеска на седница да го усвои законот за ратификација на Договорот, по што треба да биде испратен во Собранието, каде треба да биде ратификуван. Откако ќе биде доставен до Собранието пратениците треба да гласаат и да го усвојат со обично мнозинство, односно со мнозинство од присутните пратеници. Минимален кворум за работата на законодавниот дом е 61 пратеник, што значи дека 31 треба да гласаат „за“, за договорот биде ратификуван.

Извор: МИА

Strugaonline

Facebook Коментари