79 лица го загубија животот во пожарите во Грција – има многу исчезнати

- Свет
1087

Беснеат пожари во  Грција. Вонредната состојба е прогласена во западниот и источниот дел од Атика. Надлежните истакнуваат дека 15 пожари избиле истовремено во 3 региони, а досега животот го загубија 79 лица, а многу се водат за исчезнати.

Метеоролозите објавија дека кон крајот на неделата, поточно во четврток, во Атина ќе падне дожд. Шансите за дожд се 30 отсто. Но тоа не е нужно добра вест за пожарникарите кои се борат со огнената стихија.

Според Си Ен Ен, може да дојде до кратки попладневни бури кои нема да производат многу дожд, туку би можеле само да ја отежнат борбата со пожарите носејќи уште посилни ветрови и промена во нивното движење.

 

Facebook Коментари