Бракот на Емануел Макрон со 25 години постарата сопруга во центарот на медиумското внимание

- Свет
1739

Љубовната приказна на претседателскиот кандидат во Франција, Емануел Макрон ја разбранува светската јавност. Имено, во 2007 година Макрон, (кој доколку победи во вториот круг од претседателските избори во Фрација, ќе стане најмладиот претседател во поновата историја на оваа земја), стапил во брак со  Брижит Троње,наставничка по драма која сега има 64 години.Макрон и Брижит се запознале кога тој имал само 15 години.

Младиот Емануел се заљубил во Брижит, која што тогаш била мажена и имала три деца. Тој сакал книжевност и глумел во школските претстави во драмската секција која што ја водела Брижит.

– Не беше како останатите, не беше тинејџер. Со возрасните имаше однос на исто ниво како нив, изјави Брижит Троње во документарен филм снимен минатата година.

Нивната љубов победила многу пречки, Емануел го остварил ветувањето дека со неа еден ден ќе застане пред ортал, а таа го напуштила тогашниот сопруг.

Останува да се чека вториот круг од претседателските избори во Франција, после кои ќе знаеме дали Емануел  ќе успее да стане претседател на Франција  и дали на својата сакана ќе и ја донесе титулата прва дама на Франција

Facebook Коментари