3-ти декември се одбележува како Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Во светски рамки, овој ден за прв пат е јавно промовиран во 1992 година од страна на Обединетите нации со цел да промовира разбирање за прашањата поврзани со попреченост, како и да мобилизира поддршка за достоинственост, правата и благосостојбата на лицата со попреченост.
Далечната 1981 година беше прогласена за Меѓународна година на лицата со посебни потреби од страна на Генералното собрание на Обединетите нации. Темата на годината беше „целосно учество и еднаквост“. По ова, тие го прогласија периодот од 1983 до 1992 година како Декада на лица со попреченост на Обединетите нации.
Меѓународниот ден на лицата со попреченост се стреми да ја зголеми свеста за придобивките што треба да се извлечат од интеграцијата на лицата со попреченост во секој аспект на живеење: политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот.
фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари