Светски познатиот ди-џеј Авичи извршил самоубиство

- Свет
946

„Тој се бореше со неговите мисли за значењето, животот, среќата. Повеќе не можеше да продолжи. Сакаше да пронајде мир“. – ова беше првата изјава дадена од семејството на светски познатиот ди-џеј Авичи  која укажуваше дека тој најверојатно се самоубил.

Сомнежот за тоа како и зошто настапила смртта кај 28-годишниот  ди-џеј ја разбранува светската јавност и неговите бројни фанови ширум светот.

Американскиот портал ТМЗ пишува дека познатиот Ди џеј Авичи кој беше најден мртов на 20 април во Оман, се самоубил со скршено стакло.

Три извори за ТМЗ тврдат дека Авичи, кој со години се бореше со зависност од алкохол , скршил шише од вино и со парче стакло си нанел фатална повреда.

 

Facebook Коментари