Дубиоза Колектив со нови бесплатни анимирани Вибер стикери!

- Забава
1322

Дубиоза Колектив не престанува со изненадувања! Овој пат тие ви го претставуваат меѓународното партнерство со „Вибер“.


„Вибер“ не е апликација која се користи само за „чет“, таа е многу повеќе од тоа. Со над 900 милиони корисници, таа е водечка платформа за комуникација, „чет“, забава, но и за воспоставување на врски помеѓу различни брендови, институции или помеѓу музичарите и нивните фанови.

Дубиоза, бендот од каталогот на „Пасворд Продакшн“ е првиот музички бенд од регионот кој остварува соработка од овој тип со „Вибер“, и тие одлучија да ја искористат можноста да им понудат на своите фанови едно ново искуство. Соработката помеѓу „Вибер“ и Дубиоза ни носи 16 анимирани стикери кои ќе бидат достапни не само во регионот, туку и во Франција, Италија, Грција, Унгарија и остатокот од Европа.

Стикерите, кои станаа популарен начин на комунукација на „Вибер“, се дизајнирани од Ведран Мујагиќ, еден од членовите на Дубиоза Колектив и се целосно персонализирани, анимирани и најважно од сè – БЕСПЛАТНИ!

Како деца, собиравме и се разменувавме со џамлии, додека денес, децата се разменуваат само со стикери. Затоа му ја доделивме задачата на Ведран кој е одговорен за дизајнот на Дубиоза, да нацрта „двосмислени“ стикери, за и ние да имаме наш дигитален тркачки коњ.“ – изјави еден од членовите на Дубиоза.

Дополнително, Дубиоза ќе го претстави својот „Вибер бот“ за прв пат во регионот, преку кој фановите на Дубиоза ќе може да учествуваат во наградните игри и да освојат билети за концерт во нивната земја.

Интересно е да се додаде дека фановите на Дубиоза Колектив ќе имаат можност да разговараат со нивниот омилен бенд преку јавниот „чет“.

Преку ова светско партнерство на Дубиоза Колектив и „Вибер“, уште еднаш се потврдува оригиналноста на бендот во начинот на комуникација со нивните пријатели и фанови.

Facebook Коментари