Концертна промоција на албумот „Мајчин јазик“ на виртуозот Влатко Стефановски

- Забава
970

Вечерва ќе се одржи првиот од трите закажани концерти на виртузот на гитара Влатко Стефановски. Вистинска можност за публиката со префинет музички вкус да ужива во концертната промоција на неговиот албум насловен како „Мајчин јазик“.

Новиот албум на најпознатиот македонски гитарист излезе во октомври, три години по претходниот негов албум „Сеир“. Содржи девет инструментални верзии на македонски народни песни, како и композиции од опусот на „Леб и сол“. Вокална композиција на албумот е само изворната македонска песна „Море, сокол пие“ во која стиховите ги пее Раде Шербеџија.

Специјални гости на концертите на Стефановски ќе бидат етно-групата „Љубојна“, српската етно-пејачка Биља Крстиќ и сопранистката Весна Гиновска-Илкова.

 Вторирот концерт е закажан за утре, 18-ти март, а последниот концерт  е закажан за 20-ти март.
Концертите се одржуваат во Македонска филхармонија во Скопје.
Strugaonline

Facebook Коментари