Концертот на Жељко Јоксимовиќ распродаден! На барање на публиката закажан е и втор!

- Забава
60

Едно од најдобрите балкански музички имиња, пејачот и кантавтор Жељко Јоксимовиќ со својот концeпт, традиционалниот предновогодишен проект “Два Света”, доаѓа во Скопје. На 23-ти декември 2018 год., во Македонската Опера и Балет, со почеток во 19:00ч, Јоксимовиќ со музика ќе наслика нови Два света.

Поради големиот интерес за овој концерт, на барање на публиката закажан е и втор концерт, истиот ден, со почеток во 22:00ч.

Со сосема поинаков звук и повеќе од 40 музичари на сцена, Јоксимовиќ предновогодишно ќе го разубави главниот град. Џез призвук и сосема поинаков аранжман на она на што сме навикнати да го слушаме од Жељко Јоскимовиќ.

Пред две година овој проект премиерно беше претставен пред македонската публика и истиот одлично беше прифатен. За тоа потврдуваат 4те последователни концерти кои се одржаа во Македонскиот Народен Театар.

Во овој проект, Жељко Јоскимовиќ ги има изменето аранжманите на неколку поп, рок, но и фолк песни и сега истите имаме можност да ги слушнеме во џез варијанта.

Билетите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, во Пола Југотон и Цвеќара “Розе” – Веро2.

Strugaonline

 

Facebook Коментари