Кралот се враќа: Carl Cox пристигнува на EXIT со специјален тричасовен сет!

- Забава
651

Најпопуларниот диџеј на сите времиња, а за многумина и самиот симбол на оваа професија, големиот Карл Кокс (Carl Cox), се одзва на повикот од фановите и го потврди своето доаѓање на легендарната Денс Арена следното лето! Благодарение на него, енергијата на следниот ЕГЗИТ (EXIT) ќе биде висока од самиот старт бидејќи тој уште првиот ден, во четврток, 4-ти јули, нѐ очекува со специјален, тричасовен сет до најраните утрински часови! Ова воедно ќе биде и одбележување на десетгодишнината од неговиот славен настап во 2009-та година кој се вбројува меѓу најголемите журки во историјата на електронската музика. „Тоа беше едно од моите најдобри искуства“, потврди Карл Кокс и додаде дека на Денс Арената мора да се настапи со полно срце: „Тоа чувство не се купува со пари, овде мораш да ја дадеш својата душа, да бидеш тоа што си и тоа е навистина нешто посебно кај Егзит!“

Иако врската на Карл со Егзит е доста долга и силна, сепак долго не сме го виделе на Денс Арена, како ни во регионов, а главната причина за тоа е неговата одлука од пред неколку години, максимално да го намали бројот на настапи. Затоа секое негово појавување пред публиката денеска е вистински празник и едно од искуствата кои не се пропуштаат: „Сите во тимот на Егзит сме исклучително возбудени со доаѓањето на Карл на ЕГЗИТ следната година!“ изјави основачот на фестивалот Душан Ковачевиќ и додаде „Во прашање е вистинска ексклузива, бидејќи откако тој одлучи пред неколку години да го намали бројот на настапите и се појавува само во специјални прилики, се постави и прашањето дали некогаш повторно ќе се врати во нашите краеви. На среќа, емотивниот повик кој му го испративме заедно со фановите даде резултат и неговиот менаџмент ни потврди дека Карл има голема желба да се врати на ЕГЗИТ, како и дека поради тоа одбил повеќекратно повисоки понуди од некои земји во околината. Она што е сигурно е дека на отворањето на Егзит следната година нѐ очекува навистина посебна вечер и журка која несомнено ќе испише нови страници во историјата на Денс Арената“.

На враќањето на овој диџејски великан на ЕГЗИТ му претходеше возбудлива заедничка акција на организаторот и неговите бројни фанови – откако беше објавено дека е апсолутен победник во годинашната анкета во која публиката на Егзит од сите краеви на планетата избираше кого сака да види на Денс Арена, минатата недела на сите официјални канали на Егзит беше објавено и видеото во кое организаторите го повикаа „Кралот Карл“ да се врати на тврдината, во што веднаш се приклучија и многубројни фанови кои го споделија видеото со хаштаг #CarlCoxEXIT, повикувајќи ја оваа жива икона зад микс пултот да се врати пред „најексплозивната публика“, како што лично тој ја нарече во едно од бројните интервјуа во кои Карл Кокс говореше за Егзит. Потврдата за неговиот настап на официјално Најдобриот европски фестивал пристигна во текот на претходнава ноќ од него лично, а тој самиот по првата европска титула прорече дека фестивалот „ќе добие уште една, две, три такви награди во иднина“, што и се оствари!

Карл Кокс веќе со децении важи за еден од најбараните диџеи во светот, а по петнаесет сезони од неговите легендарни „Revolution“ журки на Ибица, во 2016-та година го напушти „Спејс“ како личноста која го направи овој клуб еден од најголемите во светот, по што Кокс неофицијално беше крунисан како крал на овој единствен остров. Покрај тоа, до 2017-та година го водеше своето сакано „Глобал Радио Шоу“ кое, по 16 години постоење, имаше и до 17 милиони слушатели неделно во 35 земји!

Со ЕГЗИТ нема зима: секоја карта те води и на МОРЕ!
Во пресрет на празниците, ЕГЗИТ ја најави големата новогодишна акција, во која со купување на влезница за ЕГЗИТ фестивал по промотивната цена од 3.580 денари, на подарок може да се добијат и влезници за морските фестивали во организација на ЕГЗИТ тимот, Си Стар (Sea Star) фестивалот, кој на 24-ти и 25-ти мај ќе се одржи во Умаг, како и Си Денс (Sea Dance) фестивалот кој на крајот на август ќе се одржи на плажата Буљарица во Будва! Услов за стекнување со влезници за најсончевите Егзитови фестивали е регистрацијата во периодот од 1-ви до 28-ми февруари на сајтот www.exitfest.org, со што се потврдува доаѓањето. Регистрацијата важи за сите веќе постоечки купувачи, како и оние кои влезница за ЕГЗИТ 2019 ќе купат до истек на акцијата! Во празничниот дух, ЕГЗИТ на некои од купувачите ќе им подари и сместување и превоз за две лица за Си Стар и Си Денс фестивалите! Влезниците за ЕГЗИТ фестивал се достапни во Македонија преку продажната мрежа на МкТикетс и преку сајтот exitfest.org.

ЕГЗИТ фестивал ќе биде одржан од 4-ти до 7-ми јули на Петроварадинска тврдина во Нови Сад, а веќе се потврдени и првите изведувачи, меѓу кои се The Cure, Greta Van Fleet, Carl Cox, Dimitri Vegas&Like Mike, Phil Anselmo&The Illegals, Sofi Tukker, Tarja, The Selecter, како и гитарските херои, Arcturus, Entombed A.D, Peter and the Test Tube Babes и Total Chaos.

Strugaonline

Facebook Коментари