Ноќниот симбол на Париз слави 30 години во Белград, на No Sleep фестивалот доаѓаат Cassius и Lee Burridge!

- Забава
780

Првото издание на No Sleep (Ноу Слип) Фестивалот во Белград е проследено со исклучителен интерес и за само три недели од редовната продажба веќе се продадоа повеќе од половина од предвидените влезници иако до почетокот остануваат неполни седум недели! Истовремено, бројот на заинтересирани на официјалниот настан на „Фејсбук“ страницата, веќе го надминува целиот капацитет на главната бина и константно расте. Иако генералните очекувања за првата година на новиот Егзитов фестивал во Белград беа малку поумерени, интересно е дека бројот на земјите од кои доаѓаат посетителите веќе го надмина бројот 30, што е речиси половина од бројката за еден Exit (Егзит)! No Sleep во организација на EXIT тимот, ќе биде одржан на повеќе локации во Белград, додека централните случувања со врвна продукција ќе се одржуваат во Новиот Хангар на белградското пристаниште – „Лука Београд“ каде што секоја ноќ ќе бидат пречекани неколку илјади посетители во специфичното индустриско опкружување. Првата ноќ, на 15-ти ноември, со специјалниот „Warehouse Rave“ настап, No Sleep фестивалот ќе го отвори големиот Fatboy Slim (Фетбој Слим) во друштво на DJ Tennis (Диџеј Тенис) и Marcel Fengler (Марсел Фенглер), а следната ноќ на истото место застрашувачкиот состав го сочинуваат најпосакуваните техно изведувачи на денешницата Nina Kraviz (Нина Кравиц), Dax J (Дакс Џеј), I Hate Models (Ај Хејт Моделс), Aleksi Perala (Алекси Перала) и други.

Дојде ред и за програмата на третата ноќ во Новиот Хангар, кога во гигантската хала во „Лука Београд“ доаѓа ноќниот симбол на Париз и еден од најпознатите светски клубови Rex (Рекс), за во саботата, на 17-ти ноември, да го прослави јубилејот од 30 години неуморно работење! За оваа специјална прилика, клубот ги одбра имињата кои со години наназад се чекаат во регионов, па третата ноќ ќе има двајца хедлајнери, славното француско дуо Cassius (Касиус) и живата икона на електронската музика Lee Burridge (Ли Буриџ)! Специјалниот гостин на клубот Rex и No Sleep Festival, легендарниот англиски маестро, творец е можеби и на најпопуларниот звук на денешната сцена, кој во себе спојува и хаус, и техно, и прогресив на начин кој со леснотија се движи од крајно минималниот до звукот за најголемите сцени. Burridge во своите беспрекорни сетови публиката ја води од хипнотичен танц, преку вистинска еуфорија, па сѐ до вистинска сонливост, по што и се именувани неговите секогаш распродадени журки – All Day I Dream (ADID)! Од групата Tyrant која покрај него ја сочинуваа Sasha и Craig Richards, па сѐ до изданијата за етикети како што се Global Underground, Innervisions, Hooj Choons и ADID, Lee Burridge остана еден од највлијатлните диџеи на сцената, а славниот фестивал Burning Man денеска е практично незамислив без неговите сетови.

Парискиот тандем кој го сочинуваат Philippe Zdar (Филип Зар) и Boom Bass (Бум Бес), доаѓаат прв пат во Србија и тоа со нов албум и нумери на кои им гостуваат Pharrell Williams (Фарел Вилијамс) и Cat Power (Кет Пауер). Покрај Daft Punk (Дафт Панк) и Justice (Џастис), Cassius важат за најважните претставници на крајно специфичната француска хаус школа и главни ѕвезди на фамозната издавачка куќа Ed Banger. Со нив, исто така премиерно доаѓаат и фамозната резидентка на клубот Rex и дип-хаус хероината Molly, како и интригантниот Pascal Walter, искусниот музички селектор од Франција кому Белград неодамна му стана втор дом. Домаќини на оваа журка се Петар Цветковиќ кој ноќта ја отвора со минимален дип сет, како и српскиот прославен диџеј и продуцент Марко Настиќ кој ќе има чест да ја затвори тридневната програма.
Интересот расте: Од следната недела нови цени на влезниците!

Поради големиот интерес, предвидениот контингент на влезници е пред крај, па веќе следната недела во продажба се очекува нова серија на влезници со повисоки цени. Актуелните цени за цел No Sleep фестивал се 1.680 денари за стандардна и 2.800 денари за ВИП влезница, а се продаваат и онлајн преку сајтот Nosleepfestival.com. Фестивалските влезници ќе се заменуваат за нараквици кои овозможуваат влез на сите журки, за време на целиот викенд кој се протега од четврток навечер до недела попладне, од 15-ти до 18-ти ноември, на повеќе локации во Белград, почнувајќи од трите големи журки во Новиот Хангар во „Лука Београд“, па сѐ до афтер и дневните журки во славните белградски клубови како што се Drugstore, 20/44, Шеќер и други.

Strugaonline

Facebook Коментари