ТАКСИРАТ ВИ НАЈАВУВА: ПОВЕЌЕ ОД 30 БЕСПЛАТНИ КОНЦЕРТИ НА ПИН ФЕСТИВАЛОТ

- Забава
1083

ТАКСИРАТ наскоро ја започнува големата прослава на исчекор кон 20-ката на Фестивалот и тоа со меѓународната ПИН музичка конференција и шоукејс фестивал која од 30-ти ноември до 2-ри декември ќе се одржува во МКЦ – родното место на ТАКСИРАТ! Само во рамки на концертната програма, ПИН во Скопје претставува повеќе од 30 музички артисти чии концерти и настапи ќе се одржуваат со БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ за посетителите! Во чест на 20 години алтернатива во Македонија, овој единствен кај нас, европски музички собир го акумулира во Скопје музичкиот талент од меѓународната сцена и бројни македонски артисти кои го заслужуваат глобалното внимание!

Отворањето ПИН шоукејс фестивалот ќе се одржи на 30-ти ноември со концертот на австралиско-американскиот бенд LIARS – eксперименталниот андергарунд арт-рок состав кој британскиот „Гардијан“ го нарекува и „господар на ексцентричната електроника“, а кој ќе настапи на ПИН во рамки на светската турнеја за својот нов студиски албум. Вечерта ќе ја отвори македонскиот бенд ПАЛИНДРОМ, триото посветено на необично комбинирање на две бас гитари и тапани кои ескалираат во микс од различни жанрови.

Покрај веќе најавените настапи на BABA ZULA од Турција, IT’S EVERYONE ELSE од Словенија и VIZELJ од Србија, во програмата за втората концертна вечер на ПИН се приклучуваат и повеќе македонски бендови, како ФОЛТИН – една од најавтентичните и неконвенционални македонски музички групи со 20 години постоење и 8 албуми зад себе; ПОГАН ПАГАН – концептуалниот бенд кој музички може да се опише како пастиш на секој можен жанр, од класичната музика, до трип хоп, пост-панк и електро клеш, со допир на кабаре; БАКЛАВА – акустичната етно група со минималистички музички концепт; КУЛТУРНО УМЕТНИЧКИ РАБОТНИЦИ – рок групата која во рамки на ПИН ќе го промовира својот нов албум и КОНТАКТ 59 – последното пријатно изненадување на македонската алтернативна музичка сцена, со слободен музички пристап и голем диверзитет во нивните мелодии.

Во соработка со ДЕСОНАНЦ Фестивалот и белградската техно катедрала DRUGSTORE пак, во афтер журката за втората вечер на ПИН, на 1-ви декемви, ќе имаме прилика да ги погледнеме и настапите на диџеите: A / / O, SAUD, ANDREAS HZ и DIAH.

На 2-ри декември, третата и последна концертна вечер на ПИН, во МКЦ ќе имаме чест да уживаме во настапите на ДЕБЕЛИ ПРЕЦЈЕДНИК од Хрватска – еден од најдобрите хардкор панк бендови од Балканот. Регионалната сцена оваа вечер ќе ја претставува и српскиот фолк/инди/рок/американа/поп бенд STRAY DOGG до Белград. Од Австрија на ПИН ни доаѓа AT PAVILLON – групата чии моќни пораки ги направија познати како бенд кој сака да ги користи своите вештини во танцувањето, против социјални и морални неправди. Звукот на македонската сцена во саботната вечер на ПИН ќе го претставуваат SWEET RAPSCALLIONS – младиот состав со автентичен и вистински романтичен израз вграден во мајсторски ткаени амбиентални ритмови и теми, кои се движат од естетиката во ноар филмовите до индустрискиот и авант-поп звукот, како и KEPURDHAT – бендот од Тетово кој својот прв успех го оствари на Converse Rubber Tracks одржан во Нови Сад , каде што го снимаа нивниот прв албум „Fajtu“ со познатиoт продуцент Alan O’Connell, а кој сега го промовира второто студиско издание „N’trip“. Покрај овие бендови, на 2-ри декември своите настапи на ПИН претходно ги потврдија македонските сајберпанк пионери КИБОРГ и извонредниот извонредниот хармоникаш од Швајцарија, МАРИО БАТКОВИЌ кој на меѓународната музичка сцена поставува нови стандарди кога е новата музика!

И тоа не е сѐ! Журката за затворање на ПИН шоукејс фестивалот во МКЦ ја посветуваме на прогресив транс музиката, а имаме огромна чест неа да ја предводи еден од повлијателните и продуктивни македонски продуценти во овој жанр EGORYTHMIA (Iono Music) кој својот интернационален успех го остварува уште од 2008-ма година, соработувајќи во меѓувреме и со врвни музички продуценти, меѓу кои Ace Ventura, liquid Soul, Ritmo, Zen Mechanics, Perfect Stranger, Quantize и Mute. Заедно со Egorythmia, пултот на ПИН оваа вечер ќе го делат и DJANTRIX (Digital Om Production) македонскиот истакнат психоделичен диџеј кој како индивидуален уметник еволуираше со сериозен и софистициран фокус на интелигентна музика, и SPIRIT ARCHITECT (Dacru Records) артистот познат и по неговиот прогресивен проект „Dual Resonance“ потпишан на Iono Music, чие искуство со пишување и продукција на музика датира од 2013 година, а чии многу добро прифатени изданија следеа во Ovnimoon, BMSS и Geomagnetic Records.

СИТЕ КОНЦЕРТИ И НАСТАПИ НА ПИН КОИ ЌЕ СЕ ОДРЖУВААТ ВО МКЦ ОД 30.11. ДО 2.12. СЕ СО БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ЗА ПОСЕТИТЕЛИТЕ.

Во соработка со ДЕСОНАНЦ, оваа вечер ТАКСИРАТ ве кани и на опасна бас журка во КАПАН АН – афтерпарти и официјален крај на ПИНконференцијата и шоукејс фестивалот, со гостување на OPIUM HUM – музичкиот алијас на Michail Stangl, директор на Boiler Room Berlin и еден од највредните креативни умови зад кулисите на берлинската сцена, придружен од локалната бас сцена која на овој настан ја застапуваат PUKKA и KRONOM, како и легендите на саботните вечери во Капан Ан – HYPERTECH и ДАРКО СТЕПИЌ. Влезниците за оваа журка ќе се продаваат по симболична цена од 150 денари во претпродажба и 200 денари на денот на одржувањето.

Подеднакво обемна е и конференциската т.е. панел програмата на ПИН со која Таксират во Скопје е домаќин на повеќе од 100 делегати и музички професионалци од цела Европа. И за овој дел од ПИН присуството за сите заинтересирани е БЕСПЛАТНО, само со задолжителна претходна регистрација на овој линк.

Strugaonline

 

 

 

 

Facebook Коментари