Утре во Скопје: 20-то финале на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ, посилен од било кога!

- Забава
772

Утре, САБОТА (8-ми декември) во Скопје ќе се одржи финалната вечер на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ кој го слави својот голем 20-ти јубилеј и тоа за прв пат во Арена „Борис Трајковски“, целосно трансформирана за да ги пречека над 10-те славни музички имиња на дури три бини и со илјадници посетители. Влезот за посетителите ќе биде отворен во 19:00 часот, а почетокот на маратонската 8-часовна музичка програма е закажан во 20:00 часот.

На главната бина на ТАКСИРАТ, за прв пат македонската публика ќе има прилика да ги погледне настапите на eден од најпосакуваните бендови на современата сцена, шведската инди-рок група MANDO DIAO и легендарниот австралиски drum’n’bass феномен PENDULUM кој доаѓа со својот фуриозен диџејски сет. Покрај нив, светски концерт каков што не сме навикнати да очекуваме од македонски изведувачи, подготвуваат нашите металкор легенди SMUT, а главната бина ќе ги пречека и славните изведувачи познати по своите незаборавни настапи NOUVELLE VAGUE, ДУБИОЗА КОЛЕКТИВ, THERAPY и Културно Уметнички Работници.

На втората бина, во малата сала на Арена „Борис Трајковски“, премиерно кај нас ќе настапи апсолутниот светски битбокс шампион RAHZEL придружуван од славниот скреч-тандем The X-Ecutioners, како и домашните водечки имиња кога се урбаните журки во прашање SAF Sound System и Trap Da Fuck Up!

SILENT DISCO, третата бина на ТАКСИРАТ е подготвена за повеќечасовни сетови на три диџејски пулта во исто време резервирани за актуелна екипа која владее со скопските подиуми, Скопски Грув, Oubli и Шурбе.

По распродадените early-bird билети и билетите од 4+1 контингентот, останува уште мала количина од промо-билетите со цена од само 650 денари за кои посетителите треба да бидат навистина брзи на сите благајни на МкТикетс и онлајн. Следната цена на билетите за главната вечер на ТАКСИРАТ ќе биде 800 денари, а иситите покрај веќе објавената продажна мрежа, утре ќе се продаваат и на самиот влез на Арена „Борис Трајковски“.

Strugaonline

Facebook Коментари