Водечкото светско DJ дуо Dimitri Vegas & Like Mike носи спектакл за големото финале на EXIT фестивал!

- Забава
587

По најавата дека рок иконите The Cure ќе го отворат EXIT фестивал, пристигна потврдата дека официјално најдобро рангираното светско диџејско дуо Dimitri Vegas & Like Mike ќе настапи на големата журка за затворање на главната бина на EXIT фестивал во недела, 7-ми јули! Публиката на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, следното лето ќе има прилика да го доживее нивниот нов аудио-визуелен спектакл и да се увери зошто Dimitri Vegas и Like Mike важат за едни од најдобрите шоумени во светот! Браќата со грчко потекло и белгиска адреса, со години наназад се официјално најдобро рангираното диџејско дуо на славната Top 100 DJs листа на DJ Mag, на која со едно прво и дури четири втори места ги оставија зад себе имињата како што се David Guetta, Tiesto, Hardwell, Calvin Harris и Skrillex! Со години се домаќини на славниот Tomorrowland и, веќе по правило, нивните настапи се сметаат за најврвното доживување на овој гигантски настан,  додека во Германија нивното шоу пред 45 илјади посетители се смета за најголемиот електронски настап на деценијата! Рекордери се и во родната Белгија, бидејќи со 60 илјади продадени влезници за три дена, ги надминаа и имињата како што се Madonna и U2! Оваа година го приредија својот препознатлив „Madness“ шоу и приредија вистинска „лудница“ за публиката на Sea Star, но и Sea Dance фестивалот организирани од тимот на Exit, а колку добро си поминаа во Црна Гора, најдобро говори фактот дека по спектаклот на главната бина, забавата ја продолжија и на култната No Sleep бина забавувајќи се на сетот на техно хероината Nina Kraviz!
Голем интерес за влезниците со 55% попуст!
Во моментов во продажба е ограничениот контингент комплет влезници за EXIT по цена од 3580 ДЕНАРИ, што претставува високи 55% заштеда во однос на финалната цена! Цената на влезниците за првиот фестивалски ден, кога настапуваат The Cure, изнесува 1675 денари. За истиот ден во продажба се и влезници за FAN PIT по цена од 2495 денари, како и GOLD VIP дневни влезници за 4-ти јули по 6515 денари. Актуелната цена на влезниците ќе важи само до 29-ти ноември. Влезниците за EXIT можат да се набават преку официјалната страница Exitfest.org и на официјалниот тикет-сервис за EXIT билети во Македонија: www.mktickets.mk .

Strugaonline

 

Facebook Коментари