Австрија ги објави најпознатите Власи на Балканот – Питу Гули, Тоше Проески и Калиопи од Македонија

- Занимливо
226

Калиопи и Тоше Проески, заедно со македонскиот револуционер Питу Гули, и браќата Манаки се претставени како дел од најпознатите Власи на Балканот, во австрискиот магазин „Космо“. Познати музичари, политичари, научници, бизнисмени се во изборот за магазинот, кој ја раскажува историјата на Власите на Јужниот Балкан, народ кој живее во голем број држави во регионот.

Следат Елена Георге, позната пејачка која во 2009 година ја претставуваше Романија на „Евровизија“, Евангелос Аверлоф, покоен грчки политичар и автор на повеќе книги, пионерите на фотографијата и кинематографијата, браќата Манаки, српскиот математичар Јован Карамата, Калиопи- македонска пејачка, Никола Пашиќ, српски политичар и државник, поранешен премиер на Кралството Србија, Атинагора Константинополски, патријарх на Константинопол до 1972 година, Питу Гули-револуционер, романската тенисерка Симона Халеп, нашата музичка икона Тоше Проески и уште неколку други.

Некои теории се однесуваат на оваа етничка група како потомци на романизираните Тракијци или римски колонисти. Во текот на историјата, припадниците на романската етничка група се меѓу највлијателните и најзначајните историски личности на Балканот. Без разлика дали во науката, политиката, уметноста или во други области, речиси секоја од балканските земји има големо влашко влијание во својата историја“, стои во текстот на австрискиот магазин „Космо“.

Извор: balkan.mk

фото: архива

Facebook Коментари