Година на Црвен петел – најголем успех ќе имаат новинарите, продавачите и угостителите

- Занимливо
1057

Годината на Црвениот петел започна на 28.01.2017 година, а ќе трае тринаесет лунарни месеци.Ќе има 384 дена, односно ќе трае до 15 јануари 2018 година. Еве што не очекува за време на овој период.

Позитивните страни на петелот симболизираат убаво пишување, убаво говорење, доверба и добра волја. Тој владее во периодот од пет часот наутро до деветнаесет часот навечер. Ова ќе биде година на дружење, активност и забава. Доколку сакате да постигнете успех бидете постојано во центарот на збиднувањата. Во меѓучовечките односи бидете лојални и иксрени. Во следниов период многу луѓе ќе се фалат за своите способности многу повеќе отколку што реално можат да постигнат.Во годината на Црвениот петел сите треба да научиме да разликуваме вистина од лага. Потребна е поголема мотивација на работното место, организирајте се доволно за да можете да бидете попродуктивни и да работите повеќе работи истовремено. Важно е во текот на овие тринаесет лунарни месеци да бидете многу вредни.Најголем успех на професионално поле ќе имаат новинарите, продавачите, угостителите, сите кои се занимаваат со јавна работа како и спортистите, пожарникарите и полицајците

Ова е одлична година за брак, љубовта ќе биде во преден план. Но, внимавајте – многу е важно да имате разбирање за зафатеноста на вашиот партнер како и неговото дружење со други луѓе.

Дозволете си поскапа облека, годината на Црвениот петел не признава скромност.

Што се однесува до здравјето, чувајте го преку конзумирање здрава храна. Се препорачува овошје, зеленчук и житарици. Одбегнувајте зачинета храна и практикувајте повеќе оброци во текот на денот.

Facebook Коментари