Основачот на ЕKV , Милан Младеновиќ ќе добие споменик во Белград

- Занимливо, Музика
93

Фронтменот на култната музичка југословенска рок група „Екатерина Велика“, Милан Младеновиќ ќе добие спомен обележје на платото пред „Дом Омладине“ во Белград, кој веќе го носи неговото име.

Oваа одлука  денеска ја усвои одборот на градскиот парламент, а иницијативата беше поднесена од страна на „Дом Омладине“.

Младеновиќ е роден во Загреб 1958 година, а почина во Белград во 1994 година.

Кон крајот на 1981 година тој ја формираше „Катерина II“, која подоцна беше преименувана во „Екатерина Велика“.

Strugaonline

Фото: архива

Facebook Коментари