Истражување: Витаминот Д е клучен за женското здравје и за намалување на телесната тежина

- Здравје
1200

 

На човековото тело му се потребни голем број на витамини и минерали кои овозможуваат негово нормално функционирање. Покрај главните нутритивни состојки, се покажало дека витаминот D зазема важно место, посебно за женското здравје. Овој витамин поттикнува производство на калциум, го одржува здравјето на коските, успешно се бори против анксиозноста, а најновите истражувања покажуваат дека влијае и на слабеењето.

„Доколку сакате да ја намалите телесната тежина секојдневно конзумирајте витамин D непосредно пред оброк. Овој витамин најдобро делува во комбинација со масти бидејќи ги разградува маснотиите во човековото тело. Најдобар резултат се постигнува доколку го конзумирате непосредно пред појадокот кој по правило треба да биде најобилниот оброк во текот на денот“ – истакнала Кети Клифорд, експерт за диети.

Таа исто така додала дека истражувањата за витаминот Д се се почести, а заедно со неговата главна функција која е зачувување на здравјето на коските, овој витамин помага во одржување на здравјето на сите ќелии во организмот. Во низата бенефити од конзумирањето витамин Д, Клифорд ги вбројува и благотворното делување на мозочните функции, зацврстувањето на имунитетот и забрзувањето на метаболизмот.

 

 

 

 

Facebook Коментари