Металург го совлада тимот на Спортинг Лисабон во ЛШ

- Спорт
957

Првата победа за Металург во Лигата на Шампиони ја донесе најмладиот состав во досегашниот тек на сезоната. Младите ракометари ја совладаа екипата на Спортинг Лисабон со резултат 28:27 (17:13)

Почетокот на натпреварот се карактеризираше со израмнета борба, во која двата тима се менуваа во водството. Но, така беше се до 12. минута, кога, при резултат 7:7, Металург го превзеде водството и не го испушти до крајот на натпреварот. Иако Спортинг вложи многу напор и повремено се доближуваше до резултатот на Металург, првото полувреме заврши во корист на Металург со разлика од четири гола.

Оваа разлика, со мали исклучоци, Металург успеа да ја задржи се до 52. минута,по што следеше мала криза  Напаѓачите на Металург  во серија промашија дури четири зицери, што му даде можност на португалскиот шампион да дојде на растојание од само еден гол зад нашиот резултат. Сепак, драматичната завршница му припадна на Металург, кој славеше минимална, но сосема заслужена победа.

Извор и фото: rkmetalurg.mk

Strugaonline

 

Facebook Коментари