Според првичните информации од американските медиуми, 20 мртви и повеќе од 100 повредени е билансот од нападот со автоматско оружје кој се случи на фестивал за кантри музика во Лас Вегас. Нападот се случил во блиина на казиното „Менделеј Беј“ во центарот на Лас Вегас, за време на фестивалот „Route 91 – Harvest“.
На социјалните мрежи се објавени неколку фотографии и видеа на кои може да се види како луѓето бегаат од концертот, а на одредени снимки се слушаат и звуци од автоматско оружје.
Се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде и поголем, бидејќи 14 од повредените се во критична состојба.
Полицијата во Лас Вегас потврди дека еден од осомничените напаѓачи во хотел во градот е ликвидиран и истакнаа дека не веруваат дека има и други напаѓачи.
Напаѓачот во Лас Вегас имал значителна предност со оглед на тоа дека бил поставен високо над жртвите, изјави за Си-Ен-Ен специјалниот агент на ФБИ во пензија Џејмс Галијано. –a пренесе порталот А1он.
Извор: A1on
Facebook Коментари