Ракометарките на ЖРК Стружанка победнички против екипата на Кичево

- Локални, Спорт
1797

Ракометарките на ЖРК Стружанка во саботата забележаа победа на гостувањето во Кичево со резултат 25:30.

И покрај убедливата победа на нашите ракометарки, може да се каже дека тоа беше тежок натпревар. Противничките на полувреме водеа со 15:14, но ракометарките на Стружанка покажаа решителност и многу голема мотивација за победа.  Најуспешна во нашиот тим беше Натали Јоноска со 15 погодоци, потоа следеа:

Затуроска Ивана – 5 погодоци

Домазетоска Теодора – 4 погодоци

Јусуфи Суела – 3 погодоци

Кјушкоска Марија – 2 погодоци

Дурацоска Стефанија – 1 погодок.

Наредниот викенд ЖРК Стружанка на свој терен го пречекува Војнисон Вардар.

Извор и фото:zrkstruzanka.mk

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари