Промоција на книгата со илустрации „Црно на бело“ од Игор Јовчевски во Охрид

- Локални
1028

Денеска,  со почеток во 18:00 часот, во кафе-бар Shilla во Охрид  ќе се одржи промоција на книгата со илустрации „Црно на бело“ на македонскиот стрип цртач и илустратор, Игор Јовчевски.

Јовчевски е  претставник на помладата генерација стрип автори во Македонија, автор на повеќе стрипови, има учествувано  на многу меѓународни стрип фестивали и конкурси, објавувал самостојно и групно во повеќе регионални стрип ревии, негови стрипови се дел од заеднички проекти. Издал неколку стрип албуми со сопствени дела, како „Кратки резови“ (избор од повеќе кратки стрипови), „Чуварите на вечната светлина“ (целосна приказна во еден албум), „Ајвармен“ (соработка со сценаристот Давор Драмиќанин), илустрирал неколку стрип-сликовници посветени на македонски револуционери, автор на детски илустрации во списанието за деца „Смешко“ и многу други активности и дела кои заслужено за него го носат епитетот „мајсторот на тушот“.

Книгата со илустрации „Црно на бело“  претставува еден вид  финале на неговата изложба од пред шест години, со исто име, каде беа претставени илустрации направени со туш, заокружување на еден процес кој беше надополнет и со еден несекојдневен проект, папка со илустрации „Меч, магија, колт и Стетсон“.

Фото: Игор Јовчевски FB

Facebook Коментари