На 7-ми октомври, со проекција на филмот „Чик“ во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид свечено ќе биде означен почетокот на германскиот филмски фестивал. Но, љубителите на седмата уметност (филмот) ќе имаат можност да уживаат во германската кинематогррафија почнувајќи од вечерва. Со почеток од 20:00 часот ќе биде прикажан филмот „Државата против Фриц Бауер“ , станува збор за биографија, драма, трилер – филм наменет за лица над 12 годишна возраст. Најголемите германски актери Бургхарт Клауснер и Роналс Зерфелд се ѕвездди во овој зајадлив историски трилер, кој ги хронизира херкулевите напори на германскиот окружен правобранител Фриц Бауер да го доведе нацистичкиот воен злосторник Адолф Ајхман пред лицето на правдата. Цената на билетите изнесува 50 денари.
Strugaonline
Facebook Коментари