Време: Денеска сончево и топло – во сабота температурите ќе паднат за повеќе од десет степени

- Македонија
892

Денеска во Македонија ќе преовладува претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во вечарните часови облачноста ќе се зголеми, а во западните и северните делови ќе има локален дожд. Врнежите во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. Дневната температура ќе се движи во интервал од 17 до 28 степени. Во текот на викендот ќе има голема промена на времето и пад на температурите за повеќе од десет степени. Врнежи од дожд се најавени за сабота и недела.

Извор: УХМР

Facebook Коментари